Манчестер Јунајтед го совлада градскиот ривал Манчестер Сити, во дерби средбата на 29 коло од Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ славеа со 2:0 со головите на Марсијал во првото полувреме и на Мектоминеј на истекот од продолжението на натпреварот. На двата гола кумуваше голманот на Сити, Едерсон.
Со оваа победа тимот предводен од Солскаер стигна до скор од 10 меча без пораз и останува во битката за 4 место кое води во лигата на шапионите. Сити, пак, има огромен заостаток на втората позиција во однос на првопласираниот Ливерпул, на кој сега му требаат само уште две победи да ја завери шампионската титула. Иронично, доколку четата на Клоп слави во следните две кола против Евертон и Кристал Палас, во 32 коло ќе му гостува на Манчестер Сити како шампион.
OhridNews