УМС НА ВМРО-ДПМНЕ   О.К. Охрид ги демантира обвинувањата на портпаролот на Градоначлникот на општина Охрид за партизација на големиот христијански празник Богојавление-ВОДИЦИ. Во соопштените потпишано од претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ –  Охрид, Кирил Пецаков, се вели:

„Делењето на честитки беше со цел УМС на ВМРО-ДПМНЕ-О.К. Охрид да им го честита на народот празникот Богојавление-ВОДИЦИ, а претставува дел од акцијата “постоиме за вас”. Акцијата беше  организирана од Извршниот Комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Сашо Стефаноски, а која покрај ваквите активности вклучува и: Еколошки акции(една веќе се одржа во Охрид за чистење на Охридското Езеро на потегот од каналот до плажата Парк), хуманитарни акции, трибини на различни теми, турнири во различни спортови итн.

Оваа акција ние како УМС на ВМРО-ДПМНЕ ја спроведуваме се со цел да бидеме што поблиску до граѓаните и младината како основна целна група.

Причина повеќе зошто оваа акција на празникот Богојавление-ВОДИЦИ не претставуваше партизација на истиот е и идеологијата и прицнипите на самата партија ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се: почитување на основните вредности и обичаи, почитување на традицијата, на црквата како и семејството како оснона клетка на едно опстество.

Знаејки ги овие факти обвинувањата од страна на Градоначалникот претставуваат основна политичка некултура, непознавање на политиката во целина и грижа само за сопствениот рејтинг и рејтингот на матичната политичка партија.
По однос на обвинуванјата дека ваквите акции биле за подигнување на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид заради загриженоста околу високиот рејтинг на Градоначалникот, имаме да кажеме само една работа:
      
– УМС на ВМРО-ДПМНЕ ниту е загрижена за високиот рејтинг на Градоначалникот, ниту пак прави акции за намалување на рејтингот на Градоначалникот и ако од кабинетот на Гадоначалникот ја познаваат политиката и ја пратат истата посебно на локално ниво во Охрид, јасно ке им биде дека станува збор за продолжување на еден континуитет на работата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – О.К. ОХРИД.

А кој колкав рејтинг има ке видиме на претстојните локални и претседателски избори на 22 Март.Само за потсетување: ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија десно ориентирана со Демохристијански карактер, која посветува посебно внимание на Верата“, се вели во соопштението на УМС на ВМРО-ДПМНЕ О.К.Охрид.