Средношколската унија при УМС на ВМРО – ДПМНЕ Охрид, делеше флаери со промотивна содржина. Флаерите се однесуваа на мерките и проектите кои ги спроведува Владата на РМ, а ги засегаат младите луѓе.

– Сметаме дека младите не доволно се запознаени со мерките кои ги спроведува Владата на РМ, па затоа одлучивме преку една ваква акција да им објасниме на младите што всушност значат тие мерки и како можат да ги користат. Мерките кои ги промовираме денес се однесуваат на стипендирањето на средношколците и студентите, за бесплатни учебници, инвестициите во спортски сали, компјутер за секое дете, основањето на спортска академија и други. Исто така, на штандот младите, доколку сметаат за потребно, слободно може да побараат повеќе информации за одредена мерка, рече претседателот на УМС Охрид, Илија Арнаудоски.

Причината за спроведувањето на ваквата акција е подобро запознавање на младите луѓе со активните мерки кои ги спроведува Владата на РМ, се со цел да на младите им се овозможи полесно користење на истите.

OhridNews