На стартот од школската година, Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, донираше училишен прибор, ранци, тетратки, бојци, пенкала, на деца од социјално ранливи семејства. Во акцијата беа опфатени повеќе семејства од Охрид и охридско.
– Целта на ваквата акција е да им се подаде рака на ваквите семејства кога имаат потреба од тоа, велат од УМС на ВМРО- ДПМНЕ Охрид.