Најбогатото куче на светот, малтезерот Трабл, кој наследил 12 милиони долари од хотелиерката Леона Хелмсли, умрело во својата 12 година, објавила портпаролката на организацијата Хелмсли. Леона, која била сопственичка на хотелскиот ланец Халмсли, умрела во 2007 година и во тестаментот оставила 12 милиони долари за грижа на нејзиниот домашен миленик.


Иако веста за смртта на кучето била објавена пред неколку дена, тоа умрело на почетокот на годинава. Непотрошените пари за неговото издржување биле пренасочени кон хуманитарната организација на семејството Хелмсли. За кучето се грижел менаџерот на Хотелот „Хелмсли Сендкесл“ на Флорида. Леона била позната под прекарот „лошата кралица“, поради односот што го имала кон своите вработени.