Една 39-годишна канаѓанка умрела за време на бурен садо-мазо секс. Нејзиниот партнер сега може да се соочи со обвинение за убиство од немарност.

Според првичните полициски извештаи, жената за време на „невообичаениот“ секс, доживеала застој на работата на срцето.

Кога полицијата стигнала на местото на настанот, мажот се обидувал да ја оживее својата партнерка, но безуспешно. Во станот биле најдени справи за мачење, но полицијата не открива детали. Тој бил веднаш уапсен и испрашан, но пуштен е без обвинение.

Истражителите ги чекаат резултатите од обдукцијата пред да одлучат дали казнено ќе го гонат заради немарност со која ја предизвикал смртта на партнерката.

ohridnews