Бабата по мајка на кралицата на поп музиката Мадона умрела на 99 години. Форт Елзи Мае за три месеци требало да го прослави својот јубилеен стоти роденден, но умрела во својот роден град Беј Сити во Мичиген.
Откако и умрела мајката кога имала само пет години, во 1963 година од рак на дојката, Мадона била одгледувана од нејзината баба, со која била многу блиска. Таа во последно време живеела во дом за стари лица, а пејачката многу често ја посетувала.