Еден човек за кој се верува дека имал 56 години умрел од рак оставајќи на својата банковна сметка стотина илјади долари.Сметката ја отворил под псевдоним. Неколку месеци подоцна стапил на сила законот со кој се забраниле сметки под лажни имиња.
За да ги подигне парите требало да се регистрира под своето вистинско име, кое го заборавил, како и местото на раѓање. Собирал старо железо и друг отпад. Спиел на улица и стално зборувал дека сака да купи куќа од своите заштеди. Локалниот суд најверојатно после смртта парите ќе и ги додели на државата.