Виетнамецот Тран Ван Хеј, за кого се претпоставуваше дека има најдолга коса на светот, умрел во својата куќа во јужната провинција Киен Ганг во Виетнам. Иако должината на неговата коса никогаш не била официјално измерена, се проценува дека изнесувала 6,8 метри. Не се потстрижил цели 50 години. Медиумите пренесуваат дека живеел посветено, собирајќи лековити билки.


Ретко одел во градот, бидејќи таксистите одбивале да го возат на моторите , затоа што поради должината на косата не можел да стави кацига. Хеј, чија коса тежела неколку килограми, морал да ја собира и од неа да прави пунџа во форма на кошница. Гинисовиот рекорд за најдолга коса го држи кинезот Си Квипинг, бидејќи неговата коса иако долга само 5,6 метри, е најдолгата до сега која била официјално измерена.