Шанел, женката која важела за најстаро куче на светот, умрела во 21-та година од својот живот, што одговара на човечка старост од 147 години. Таа умрела од природна смрт во куќата на своите сопственици во Порт Џеферсон, 80 километри источно од Њу Јорк. Минатиот мај Гинисовата книга на рекорди за нејзиниот 21-ви роденден и организарала голема забава во еден хотел за домашни миленици.


Нејзините сопственици, брачниот пар Дениз и Карл Шонеси ја посвоиле од едно прифатилиште за кучиња во Вирџинија кога била стара само шест седмици. Последните години морала да носи очила и џемпери бидејќи била многу осетлива на студ. Сопствениците велат дека и покрај болеста и годините, сепак била многу активна.