Кинеското куче без влакна по телото, Мис Ели, кое е и официјално најгрдо куче на светот, умре на 17 години. Кучето познато по јазикот кој секогаш му висел на страна, умрело во својот дом во Тенеси. Иако последните неколку години било слепо, минатата година ја освоило титулата за најгрдо куче на светот.


Неговата сопственичка го спасила кога имало седум години. Оттогаш кучето глумело во бројни телевизиски реклами и емисии. Не доживеало да ја брани титулата за најгрдо куче на изборот кој ќе се одржи следниот месец во Калифорнија.