Еден од најдобрите ски скокачи на сите времиња, Финецот Мати Никенен, почина на 56 годишна возраст.

 

Тој ги одбележа 80-те години не само во ски скоковите туку и во спортот и надвор од него. Беше една од најпознатите личности во светот во тоа време, екцентрик и генијалец.

Врв на неговата кариера беа Зимските олимписки игри во Калгари во 1988 г. каде освои злато во двете дисциплини и триумфираше во екипниот натпревар.

Уште за време на кариерата имаше проблем со алкохолот поради што заврши со скијачките скокови уште пред да наполни 30 години. По завршување на активната кариера почна да запаѓа во проблеми, а беше осуден и на 26 медеци затвор поради обид за убиство на пријател. Поради физички напад врз сопругата одлежа 16 месеци. Иако стана популарен музичар во Финска, издаде и биографија, Никенен банкротира, поради што беше приморан да ги продаде своите трофеи.

OhridNews