Милионерката Ана Никол Смит (39) е пронајдена мртва во хотелска соба на Флорида. Таа била пронајдена без свест, по што набргу починала. Собата е запечатена поради полициската истрага, а обдукцијата треба да ги открие причините за нејзината мистериозна смрт.

Брза помош наводно повикала нејзината лична медицинска сестра, а според информациите на CNN, незјзиниот телохранител почнал да ја оживува Ана никол Смит дури седум минути откако таа се срушила на подот.

Полицијата смета дека околностите под кои починала Смит се чудни, но CNN наведува дека причините за смрта би можело да се бараат  во нејзиното постојано губење и добивање килограми, како и депресијата, пиењето лекови и алкохол. Нејзиниот пооранешен издавач Дејвид Греноф изјави дека на Ана едноставно не и` се  живеело.


Ана Никол Смит

Според едни, екипата на брза помош се обидела да ја оживее старлетата, а според други таа била мртва кога дошле лекарите. Полицијата дури го затворила сообраќајот за Ана Никол Смит што побрзо да биде пренесена во болница, но било доцна.

Смит во хотелот пристигнала со сопругот. Таа неодамна роди ќерка, а три дена по породувањето, во хотелска соба мртов беше пронајден нејзиниот 20 годишен син Даниел кој се предозирал со метадон.

Ана Никол Смит на јавноста и стана позната кога во 1994 г. како 26-годишна се омажи за 89-годишниот милионер Хауард Маршал. Тој почина по една година, а таа стана милионерка.

А.П.