Продолжува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално ќе има услови за невреме со поинтензивни врнежи, електрични празнења, засилен ветер и ретка појава на град. На места се очекува да наврнат повеќе од 30 л/м2, соопшти Управата за хидометеоролошки работи.

Преку денот биометеоролошките услови ќе бидат лоши. Во утринските часови кај поголем број на луѓе можна е појава на главоболки, но и болки во колената, грбот и на вратот. Во пладневните часови кај поголем број на луѓе можна е сонливост, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во попладневните часови болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе се поупорни, ионформираат од УХМР.

OhridNews