Еминентни уметници и професори од Државниот универзитет во Вашингтон, САД, денеска и утре ќе одржат едукативна работилница за вештините и техниките за создавање уметност од различни видови отпадоци.

Целта е да се подигне свеста кај  луѓето за заштита на животната средина и да се поттикне креативноста преку изработка на предмети од отпадоци.

Работилницата што содржи теоретски и практичен дел ја организира Црвениот крст од Охрид во соработка со Македонската мисија за хуманитарност.

Ohridnews