Пол Хазелтон, кој пријателите го нарекуваат „Прашинко“, направил од прашина различни скулптури, а меѓу останатите и човечки скелет, чанта и други. Неговото најново дело е модел на спална соба со тв сет, кревет, фотелји и остава. Некои од неговите креации ќе бидат прикажани на изложба во Њу Јорк за време на божиќните празници.
Вели дека започнал да собира прашина и да пронаоѓа начини да ја претвора во тридимензионални скулптури. Пред да започне да ги прави скулптурите, собира прашина од мебел, слики и прозорци. Потоа со воденење, обликување и внимателно сушење прави скулптури, од кои некои се високи и по 50 сантиметри.