Фотографот Карл Варнер во Лондон отворил изложба на свои скулптури и различни релјефи кои ги направил од храна. Најмногу се гордее со својот воз од чоколадо кој го правел цели десет дена.
„Чоколадо Експрес“ е долг 1.8 метри. Своите скулптури ги фотографирал и ги сложил во книга. Освен чоколадниот воз направил и релјефи од различни врсти салами и леб, како и разни фигури од пармезан и разноврсен зеленчук.