Британскиот уметник Џонатан Јео ги изложил колажните портрети на претседателот на САД, Буш, и Парис Хилтон, направени од слики од гениталии од порно списанија. Уметникот Џонатан Јео, исто така им има направено портрети на Тони Блер, Ендру Лојд Вебер, Руперт Муркок и принцот Филип. На идеја дошол откако Белата куќа му го откажала портретирањето на Буш во 2004 година. Сепак го направил. Но, во облик на колаж од парчиња исечени порнографски списанија.
Портпаролот на галеријата Лазаридес во Њу Јорк, Елизабет Барет, не сакала да открие за која цена уметникот Дамиен Хирст го купил портретот на Парис Хилтон на самото отварање на изложбата. Постерите со портретот „Парис, 2008“ ќе се продаваат во галерија за 20 евра.
Јео и понудил и провизија од продажбата на постерите како знак на добра волја бидејќи се жалела дека ништо не заработила од домашното порно видео, кое го снимила со тогашниот дечко Рик Саломон, што излегло во јавност во 2004 година. Парис била во Њу Јорк на гостување во шоуто на Дејвид Летерман, но ниту таа, ниту нејзиниот менаџер не биле достапни за коментари.