Италијанскиот уметник Дарио Гамбарин ги соликува нивите со трактор и плуг, а на уметничкото орање се одлучил бидејќи потекнувал од провинцијата. Тој работел на имотот на своите родители во близина на Верона, а по неколку дена уметничките дела ги преорувал.

Со оваа уметност почнал да се занимава уште пред повеќе од десет години, а меѓу најпознатите дела му се портрет на Нелсон Мандела и папата Фрањо. На полето направил и портрет на Кенеди во знак на обележување на 50 години од атентатот врз поранешниот американски претседател. За тоа дело му биле потребни шест часа.