Американскиот универзитет Беркли во Калифорнија е еден од попознатите во САД, но неодамна направиле грешка која многумина љубители на уметноста нема лесно да им ја простат. Продале скулптура која вреди повеќе од милион за само 165 долари. Скулптурата е дело на Сарџент Џонсон, еден од предводниците на таканаречената харлемска ренесанса од триесеттите години на минатиот век. Станува збор за седумметарско уметничко дело направено од дрвото секвоја, кое во таа зграда се наоѓало и пред универзитетот да се всели во неа. Пред вселувањето во зградата никој не знаел дека се работи за уметничко дело, па тоа заедно со многу непотребни предмети со години се наоѓало во подрумот.
Интересно е тоа што никој не знаел дека станува збор за уметничко дело се додека Грег Фаворс, на кој скулптурата му била продадена за 165 долари не го повикал својот пријател да ја процени вредноста на предметот. Неговата првична реакција била таква што со неверување гледал во предметот и не верувал дека го купил за таа цена. На унверзитетот во Беркли зажалиле кога дознале што продале за толку ниска цена, но немале никакво објаснување.