Вчера и денес во повеќе јавни установи и невладини организации меѓу кои Дневниот центар за корисници на дроги и НВО Опција Охрид, беа презентирани финалните „продукти“ од локалните пилот активности на македонските уметници со ранливите групи, чии обуки ги водеа уметници од Шведска.
Целта на овие пилот активности, во рамките на проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – размена меѓу уметници кои работат во социјалната област“, е да се помогне на оваа категорија граѓани, односно да им се приближи уметноста и да се искористи како средство за изразување и зајакнување на иднивидуалните вештини.
„Се работи за 11 локални пилот активности кои беа реализирани во минатите два месеци. 10 од нив ќе бидат презентирани денес и утре, а единаесетиот продукт е филм кој дополнително ќе биде проектиран. Импулсот е тоа што се поврзавме со доста локални партнерски организации кои работат со ранливи групи како што е Муѓуопштинскиот центар за зависности, НВО Опција која работа со сексуални работнички, охридскиот затвор, НВО Порака од Струга кои работат со лица со интелектуална поппреченост, како и Основните училишта во руралните средини на територијата на општините Охрид и Струга. Досегашното искуство вели дека нашите партнер институции со кои соработуваме, се многу задоволни и чувствуваат потреба од продолжување на овој начин на работа.“ – вели Јасмина Билаловиќ, координатор на проектот.
Во Дневниот центар за корисници на дроги и членови на нивните семејства, беа презентирани локалните пилот активности на уметникот Дарко Динев, во чии рамки самите корисници ја искажаа својата креативност преку глина, цртање, проза и поезија и ритмички движења.
„Пилот активностите започнаа на 26-ти февруари, па се до вчерашниот ден. Се работеше на повеќе видови уметноси, преку глина, цртање и ритмички движења, со цел една финална презентација. Бидејќи се работи за Метадонски центар и корисниците се заштитени, финалните презентации се оддржа во интимна средина.“ – вели Динев.
Горан Поп-Марков, дипломиран социјален работник и координатор на Дневниот центар на корисници дроги и членови на нивните семејства, изрази задоволство, бидејќи самите корисници дале голем инпут во работата со уметниците.
„Преку шведската организација Скис, локално поддржана од Медиа арт кој го имплементира проектот на локално ниво и ние како место каде што се оддржа еден од настаните, сме многу задоволни. Можам да изразам задоволство бидејќи нашите корисници дадода голем импут во работат, беа задоволни и опуштени, а би сакале да имаме продолжение на овој проект со цел посупешна работа со корисниците.“ – истакна Поп Марков.
Жанета Никоска Стојковска, психолог во дневниот центар, потенцира дека преку овие активности, корисниците од оваа устнова се осознаваат себеси и стануваат свесни за својата активност во општеството, односно настанува психосоцијално растеретување на стресот.
„Целта на овој проект претставува интеграција на корисниците на дроги во општеството. На овој начин, уметникот беше вклучен во активностите во секојдневниот живот на корисниците, така што беше овозможено заедно да создаваат социјално уметничко дело. Тоа претставува социјална скулптура, проза или поезија, керамиика, така што корисниците еден со друг ги споделуваат своите доживувања од секојдневниот живот и отцелуваат еден важен дел од својот живот, развивајќи емпатија спрема себе и другите.“ – потенцира Никоска Стојковска.
Хелена Бистром, уметник од Шведска и обучувач во проектот, вели дека покрај обуката, во рамките на 11-те локални пилот проекти, разменати се искуства од кои може многу да се научи.
„Луѓето кои што учествуваа во јануарскиот тренинг, самите уметници, односно персоналот од оваа институција беа одлични. Имавме прекрасна недела, сработивме фантастична работа, па и ние како тренери научивме исто колку и учесниците. Возбудливо е да се биде повторно тука и да се види што било сработено од страна на институциите и со нетрпение ги очекуваме резултатите па да продолжиме со дискусиите и евалуацијата.“ – рече Бистром.
Во Невладината организција „Опција“ Охрид, беа презентирани локалните пилот активности на уметниците од „АРТерија“, Зорица Азеска Спасеска и Ивана Групче, со сексуалните работнички и нивните деца.
„Навистина беше тешко да се работи на овој проект – примена на уметноста со маригнализираната група на луѓе, меѓутоа гледав да го извлечам уметничкото во нив. Бев изненадена од резултатот, бидејќи без разлика на нивното ниво на образование, сепак оваа категорија граѓани носи нешто во себе што го покажаа конкретно преку мозаикот. На почетокот настапија уплашено, но постепено се ослободуваа и крајниот резултат е фасцинантен.“ – вели Групче.
Инаку, проектот кој е финансиран од Европската Унија, го имплементира К.Ц. Медиа Артес.
О.Т.