Американската ТВ-уметничка Кет вон Ди и нејзиното семејство го развеселуваат празникот во целото нивно соседство. Таа, инаку и светски позната уметница за тетоважи, и нејзиниот сопруг, уметникот Рафаел Рејес, го претворија нивниот дом во – „Зимска земја на чудата“, по повод прославата на нивниот прв Божиќ во нивната нова куќа во Лос Анџелес.

И, сѐ тоа, се чини, на огромно задоволство на соседите. Сите се поканети да уживаат во тоа.

Благодарам пред време за почитување на нашата приватност и уживајте во сѐ ова од надворешната страна на имотот. истакна таа.

На Инстаграм, парот објави и слики и видео од божиќната атмосфера во нивната куќа.

Се надеваме дека луѓето ќе дојдат и ќе уживаат во она што го создадовме… Се надеваме дека ќе им донесе насмевка на сите! Слободно донесете ги најмалите за сликање во возот и куќата за колачи, напиша Кет вон Ди под видеото.

Семејството, заедно со и нивното синче Лифер, неодамна се пресели во новиот дом, а Вон Ди објави неколку слики од куќата што навистина ја опишуваат и оправдуваат како уметница.

OhridNews