– Постои голем интерес од страна на студентите за изучување на предметите од областа на уметноста на кои се работи практично, но и од теоретска гледна точка, што придонесува кон збогатување на нивните основни познавања од областа на културата и уметноста, вели Јане Бакрески, асистент по уметност на факултетот .
Се избира една тема на која се работи со користење на повеќе дигитални медиуми како што е дигиталната фотографија, но и со помош на компјутерот. – Идејата треба да биде доволно интересна и провокативна за да резултира со добри фотографии како што беа минатата година, додава Бакрески.
За крај на учебната година која е во тек се планира изложба на поголем број фотографии за разлика од минатата година, за чие поставување ќе се бара и поголем изложбен простор, затоа што интересот на информатичарите за уметноста од година во година е се поголем.