Времето ќе биде облачно и релативно топло. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Охрид времето умерено облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе се задржи претежно стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Благо опаѓање на температурите ќе има од средината на наредната седмица.
OhridNews