Времето во земјава ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од -3 до 6, а дневната од 10 до 15 степени.

Во Охрид времето денес умерено облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 14 степени.

До недела ќе се задржи стабилно време, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на ноќните часови на места ќе има разведрување и утринските температури ќе се спуштаат под нулата. Во понеделник се очекуваат врнежи од дожд, велат од УХМР.

OhridNews