Претпладнево, околу 10:30 часот умерен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на седум километри од Груд, во Босна и Херцеговина.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала на длабочина од осум километри.
Земјотресот е регистриран на седум километри од Груд и на 39 километри од Мостар.
Според сведоштвата на граѓаните, земјотресот бил силен и траел 10-15 секунди.
Засега нема информации за материјална штета ниту за евентуални жртви.
OhridNews