Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места во северните делови со врнежи од снег.

Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец. Од вечерните часови особено во северните и источните делови врнежите ќе преминуваат во снег и понекаде во пониските места.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Во Охрид до 7 степени.

Во ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите ќе престануваат и особено во северните и источните делови повремен снег ќе паѓа и на пониските места. Во вторник и потоа и кон крајот на работната недела ќе дува повремено силен северен ветер најизразен вдолж Повардарието и ова ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

OhridNews
Фото: Архивa