Актерката Ума Турман ја раскина свршувачката со милионерот Арпад Басон (47) уште пред два месеци. Се шушка дека парот се скарал за парите, а Ума во афект рекла дека сака прекин на врската, но и по прекинот останале во добри односи.


Таа зад себе има два брака и две деца. Прв сопруг и беше Гери Олдмен, а втор Итан Хок со кого има две деца. Врската со Бусон ја започнала пред две години, а се свршиле пред година дена.