Холивудската актерка Ума Турман, која е верена за Арпад Басон, го чека своето трето дете, а прво со овој бизнисмен. Ума Турман и Басон својата врска ја започнале во 2007 година. Накратко раскинале во 2009, но набрзо се помириле и сега заедно чекаат дете. На Арпад ова ќе му биде прво дете.
Актерката има две деца од бракот со итан Хоук, ќерката Маја и синот Левон. Парот наводно се развел откако списанието „Стар“ објавило дека Хоук ја изневерил актерката со Анџелина Џоли во 2003 година додека го снимале филмот „Taking Lives“.