Познатата холивудска актерка Ума Турман ја раскинала веридбата со милионерот Арки Бусон. Како што пренесуваат американските медиуми, Ума и Арки со месеци се мачат да ја усогласат својата врска на далечина. Близок извор навел дека требало да се појават на еден настан, но на крајот се појавила Ума без вереникот и без прстенот.

Наводно, причина за раскинувањето е далечината. Ума живее во Њујорк а Арки во Лондон. Парот уште од октомври се обидува да има врска на далечина, но не им успева. Инаку, ова е втор пат актерката да ја раскинува веридбата со Арки. Минатиот пат тоа било во 2009 година, кога на францускиот тајкун му го вратила осумкаратниот прстен. Ума има две деца од бракот со Итан Хоук, додека Арки има два сина од врската со моделот Ел Мекфирсен.