Популарната синоока русокоса актерка Ума Турман се појавила потполно поинаква на премиерата на нејзината нова мини серија „The Slap on Monday” во Њујорк. Можеби само шминката е таа која направи сите да помислиме дека Ума се подлегнала на пластична операција, но она што е сигурно, немало лице кое не се свртело по неа на црвениот тепих.
Да потсетиме само како пред неколку месеци нејзината колешка Рене Зелвегер се појави со потполно изменет личен опис и предизвика бројние реакции кај медиумите, пред се таблоидите кои со денови пишуваа за нејзиниот изглед. Сега тоа истото го стори и Ума која изгледа подмладено, убаво и свежо.