Режиерот Квентин Тарантино и неговата муза, актерката Ума турман, наводно се во врска, пренесуваат американските медиуми. Пријатели се веќе 20 години и сега одлучиле својата врска да ја пренесат на друго ниво, јавуваат американските медиуми повикувајќи се на добро упатени извори.
Парот наводно започнал врска откато Ума раскинала со вереникот Арпад Бусон минатиот месец. На овогодинешниот кански фестивал повеќе пати се видени заедно на премиерите, а наводно и делат вила на југот од Франција. Парот соработувал на култниот филм „Кил Бил“.