Иднината на Френк Лампард на менаџерската позиција во Челси е доведена под знак прашалник, откако клубот заклучил, дека екипата не напредувала во досегашниот дел од сезоната, иако, за нови фудбалери потрошени се, речиси 200 милиони евра.

Управата на „сините“ му поставила ултиматум на Лампард, кој ќе мора да ја поправи играта и резултатите во следните три натпревари. Следни ривали на Челси се Вулверхемптон и Барнли во Премиер лигата односно екипата на Лутон во ФА Купот.

Челзи е 8. во Премиер лигата со 29 бода по 19 одиграни натпревари. На последните осум натпревари од Премиер лигата, лондонскиот клуб победи само двапати.

Како потенцијални кандидати за наследник на Лампард, ако клупската легенда добие отказ се споменуваат Масимилијано Алегри, Томас Тухел и селекторот на Украина, Андреј Шевченко.

OhridNews