Шпанскиот новинар, Хосе Рамон де ла Морена, тврди, дека Серхио Рамос добил ултиматум од клубот, во наредните два дена да се изјасни дали сака да остане во Реал Мадрид. Новинарот ова го изјавил во емисијата „Ел Танзистор“, на радиото „Онда Серо“.
Договорот на Рамос со Реал истекува по завршувањето на сезоната. Играчот и клубот преговараат неколку месеци околку новиот договор, но ниту една од страните не отстапува од своите барања.
Де ла Морена, тврди дека Рамос, никогаш не бил поблиску да ја донесе одлуката за напуштање на клубот.
Рамос е играч на реал од 2005 година. Со Реал и шпанската репрезентација г освоил сите можни трофеи во клупскиот и репрезентативниот фудбал.
Одлуката на Рамос со нетрпение ја чекаат во Манчестер јунајтед и ПСЖ.
Паника во Милан, Ибрахимовиќ повторно се повредил
Златан Ибрахимовиќ, повратникот во репрезентацијата на Шведска, се повредил на претпладневниот тренинг. Најдобриот стрелец во историјата на Шведска ќе го пропушти утрешниот натпревар, во квалификациите за Светското првенство, против Естонија.
„Скај спорт“ ги пренесе зборовите на портпаролот на шведската репрезентација, кој рекол дека Ибрахимовиќ првиот дел од тренингот требало да го работи со соиграчите, а вториот индивидуално.
Сепак тој морал да го прекине тренингот по само 15 минути и во придружба на медицинскиот тим го напуштил тренингот.
Повредата на Ибрахимовиќ предизвика паника во Милан, клубот чека дополнителни информации за степенот на повредата.
OhridNews