Риболовците во Јапонското Море уловиле туна тешка 445 килограми, која на пазарот во Токио била продадена за 30 илјади евра. Управникот на пазарот рекол дека олку голема риба се гледа многу ретко. Рибата била продадена по 60 евра за килограм.
Кога ја донеле била вистинска атракција и многу вработени се фотографирале покрај неа пред да биде исечена на парчиња. Наголемата туна уловена во Јапонија тежела 496 килограми, а светскиот рекорд го држи еден килограм потешка туна која била уловена во Канада пред 15 години.