Британецот Син Кинер уловил сом тежок 108 килограми и долг три метри, што претставува трета најтешка риба уловена досега во светот. Кинер бил на риболов со својот роднина на езерото Ебро, во североисточниот дел на Шпанија.
Велат дека биле шокирани кога прв пат ја здогледале рибата бидејќи била многу голема, но успеале да ја совладаат по 15 минути. Успеале да ја уловат дури после 12 часа риболов близу шпанскиот град Мекиненза. Џиновската риба ја врзале и ја извагале пред да ја вратат во водата.