Рибарите во заливот Пјужет во Вашингтон уловиле многу необична риба. Имено, како што се воспоставило после извршената анализа, рибата е позитивна на кокаин, прозак, адвил, бенадрил и липитор. Се претпоставува дека овие супстанции во телото на рибата влегле преку загадената вода, за која главен виновник е фармацефтската индустрија.

Утврдено е дека оваа вода, која се наоѓа во близина на фабрики со отпадни води, содржи околу 80 различни лекови и дроги. Постојат две теории за вака високата концентрација на лекови во водата. Една е дека се виновни луѓето, кои во оваа област користат голем број од овие супстанции, а другата е дека се виновни отпадните води.