Градските служби на Флорида уловиле и убиле бурмански питон долг пет метри, кој непосредно пред да биде уловен изел возрасен елен.


Соработникот на комисијата која се занимава со диви животни, Скот Хардин, рекол дека ова била една од најголемите змии кои досега биле пронајдени во јужна Флорида. Питонот малку пред да биде уловен изел елен тежок 34,5 килограми. Хардин рекол дека е тоа што го уловиле питонот е многу важно за спречување на нивното ширење кон северот на земјата.