Вработените во водоводот пронашле питон долг 5,5 метри и тежок 75 килограми за време на инспекција на акумулациониот систем на југот на Флорида, јавиле медиумите, додавајќи дека тоа е втор најдолг питон уловен во дивина во таа американска држава. вработените наишле на бурмански питон во мочуришната област недалеку од националниот парк Еверглејдс и го повикале оделението на водоводот задолжено за контрола на змиите, чиј службеник го убил питонот со истрл од огнено оружје.
Службеникот Ренди Смит изјавил дека змијата била поголема од оние на коио вработените во водоводот обично налетуваат. Овој питон е втор најголем досега уловен на Флорида. Најголемата змија од оваа врста, за стапка подолга од оваа, била уловена минатата година во округот Мајами Дејд. Питоните кои сопствениците ги пуштаат во дивина кога ќе станат премногу големи за држење во куќата ствараат проблеми на домашните врти кои ги ловат. Властите на Флорида минатата година оргланизирале лов на питони и биле уловени 68 вакви змии.