Италијански пар во раните триесетти години ги понел љубовен занес. После ноќното лудување и испиена голема количина алкохол, се затвориле во исповедалница во катедрала. Во црквата, во меѓувреме, се собрале верниците и свештеникот започнал со утринската миса. Кога ги слушнале необичните звуци, го „уловиле“ неименованиот пар како води љубов.


Полицијата ги привела по инцидентот. Поминале со опомена за непримерно однесување во јавност и пречење во извршувањето верски работи. Нивниот адвокат изјавил дека цела ноќ пиеле и дека се свесни дека претерале. Парот замолил за прошка од свештеникот кој одржал „поправна миса“ за да се искупи.