Експертите и жителите на еден мал филипински град уловиле слатководен крокодил, тежок еден тон, и планираат од него да направат ѕвезда во еко паркот на југот од земјата. Градоначалникот Кокс Елорда рекол дека десетина граѓани и експерти после три седмици лов, успеале да го уловат крокодилот долг 6,4 метри во потокот кај градот Бунаван во провинцијата Агусан дел Сур.
Тоа е еден од најголемите крокодили кој изминативе години бил уловен на Филипините. Елорда рекол и дека крокодилот убил бик минатиот месец, а се сомневаат дека е одговорен и за исчезнувањето на еден рибар во јули. Тој додал дека големиот крокодил во забавниот парк ќе значи претворање на опасноста во финансиска добивка.