Симон Шарп и неговата сопруга Лизи во Дартмут, Велика Британија, уловиле јастог кој бил долг еден метар. Го фотографирале и го вратиле во морето. Симон изјавил дека бил огромен, но и стар и дека не бил добар за јадење. Додал и дека иако спор, со своите јаки и големи клешти можел да откине човечка рака.


Симон гради чамци, а повремено и лови риба. Три години претходно исто така бил уловен џиновски јастог. Тој бил тежок пет килограми. Најголемиот јастог е уловен во канада во 1977 година, а бил тежок 20 килограми и долг 1,06 метри.