Колумбиската полиција известила дека уловиле гулаб кој на затворениците на затворот во Букараманга им служел за пренос на дрога. Го уловиле надвор од затворот кога се обидувал да полета, но товарот му бил претежок. За ногата му биле заврзани 45 грама марихуана.
Хозе Ангел Мендоза, управник на полицијата во Букараманга изјавил дека ова е случај на досетливост на криминалците. Се обиделе да криумчарат дрога со помош на гулаб писмоносец. Инаку, колумбиските дилери се познати по необичните начини на разделување и доставување на дрогата.