Американските рибари кај Флорида минатата седмица уловиле џиновска лигња од дури осум метри. На 19 километри од брегот кај Порт Салерно рибарите ја здогледале лигњата која била на умирање и веднаш ја извадиле. Ги повикале научниците кои лигњата ја однеле во природонаучниот музеј Флорида во Геинсвил на препарирање.
Лигњата била тешка околу 90 килограми, а оваа врста лигњи можат да нараснат до 18 метри и да тежат до еден тон. Кожата на животното била покриена со црвенкасти пеги кои најверојатно служат за камуфлирање. Палеонтолозите тврдат дека џиновската лигња најверојатно угинала по парењето бидејќи и мажјаците и женките кај овие животни, во кои спаѓаат лигњите, октоподите и сипите, умираат набрзо по репродукцијата.