Британецот Крис Гример и тројца негови пријатели не ни сонувале дека уловот од одморот во Шпанија ќе им осигура место во книгата на риболовни рекорди. Сомот кој го уловил Крис е најголемиот досега уловен албино сом. Капиталецот бил долг 2,4 метри и тежок 88 килограми, само еден килограм потежок од досегашниот рекордер кој во 2010 бил уловен од слепата Шелиа Пенфолд од Лондон. Британецот од Шефилд и тројца негови пријатели отишле една седмица на ловење риба на реката Ебро во близина на Барселона.


Откако го загризал мамецот, борбата со сомот траела повеќе од половина час. Крис рекол дека се чинело оти никогаш нема да успее да го извади од водата. Еден од пријателите на крајот влегол во водата и му помогнал. Во тој момент пристигнал и водичот кој веднаш го извагал и им соопштил дека уловот е рекорден. Албино сомот по вагањето бил пуштен назад во реката, а Крис неговите пријатели уловот го прославиле со шампањско. Ешли Скот, водичот кој го организирал патувањето и турнирот во ловење сомови рекол дека одма видел дека станува збор за рекорден улов. Најголемиот досега уловен сом тежел 293 килограми. Уловен бил на Тајланд во 2005 година.