Рибари од Филипините уловиле ајкула тигар од речиси 600 килограми. Но, кога ја отовирле доживеале голем шок. Имено, во неа се наоѓале човечки череп и нога. Одлучиле да ја вратат назад во океанот, заедно со деловите од телото кои ги пронашле, бидејќи се плашеле дека тоа може да им донесе несреќа. Сепак, ги задржале забите од ајкулата заедно со пераите.
Рибарот Бодој Горгот рекол дека било одвратно. Миризбата била неподнослива. Додал дека рибари веќе 30 години, уловил многу ајкули, но никогаш во ниту една не пронашол човечки остатоци. Се претпоставува дека деловите од телото би можеле да и припаѓаат на една од жртвите на несреќата која се случила неодамна а во која потонал траект. На траектот имало 84 лица, а две никогаш не биле пронајдени. Експертите кои ги прегледале пераите и забите на ајкулата заклучиле дека би можела да биде долга 3,5 метри.