Една тајванка уловила добар дел од вкупната популација на комарци на тој остров и освоила награда од 3000 долари, ловејќи вкупно 4 милиони комарци за само еден месец. Таа победила 72 конкуренти, а нејзиниот вкупен улов тежел повеќе од еден и пол килограм, објавил организаторот на натпреварот.
Уловот бил двојно поголем од второпласираниот натпреварувач. Била пријавена во Гинисовата книга на рекорди како водечки ловец на комарци во светот. Тие инсекти се голема закана за здравјето на луѓето на Тајван, каде ја шират опасната болест Денга.