Британецот Стјуарт Турстон е горд на својот несекојдневен улов. Уловил златна риба долга неверојатни 45 сантиметри и тешка 3,5 килограми. Рибата со златна боја ја уловил на езерото во Норвич, Англија.
Со тоа го срушил стариот рекорд кој изнесувал 2,3 килограми и кој бил стар цели 16 години. Тој изјавил дека не може да поверува на својот улов и одлучил да не ја врати во езерото бидејќи не му ветила исполнување на желба. Вели дека со самиот улов неговата желба била исполнета.