Ник Ричардс уловил златна риба тешка дури 2,25 килограми о долга 40 сантиметри. Момчето верува дека тоа е најголемата златна риба уловена во Велика Британија. Локалните рибари веруваат дека таа била купена како домашен миленик, но била фрлена во езерото каде ја достигнала својата големина.
Момчето кое ја уловило рибата изјавило дека е презадоволно од својот несекојдневен улов. Златната риба ја нарекол Били, а истата ја вратил назад во езерото. Најголемата златна риба на светот е тешка 3,6 килограми.