На еден кинески рибар му била потребна помош од десетина колеги да ја стават уловената есетра тешка 617 килограми во носилка и да ја одвлечат до брегот на реката Хејлонгдијан, на границата со Русија на северозападот на Кина.

Чен Лин рекол дека тоа е најголемата риба која досега ја имал видено. Џиновската риба ја однеле до локалниот рибник за есетри, каде било востановено дека станува збор за женка која носи 1,2 милиони јајца. Рибата ќе биде вештачки оплодена и вратена во реката. Се верува дека овие риби постојат на Земјата веќе 130 милиони години и дека спаѓаат меѓу најголемите слатководни риби на светот.